Голема еко-акција за чистење на Карпош

Општина Карпош организира голема еко-акција за чистење на Општината, на 13.04.2019 година (сабота), со почеток во 10.00 часот, на повеќе собирни пунктови.

Во акцијата ќе се приклучи градоначалникот, општинската администрација, советниците, комуналните служби, како и повеќе јавни личности, граѓански организации, институции и фирми.

До овој момент кон акцијата на Општина Карпош се приклучија: „Пакомак“, „Acibadem Sistina“, Лабораторијата „Авицена“, групата ДНК, Друштвото за управување со отпад „НУЛА ОТПАД“ и ЈП „Паркови и зеленило“.

Еко-акцијата ќе започне од повеќе собирни пунктови:

· Кеј на Вардар (две собирни места):

– 10.00 часот, под хотел „Александар Палас“, кај фитнес зоната;

– 10.00 часот, крајот на булевар „Илинден“ (патеката што води до мостот „Газела“);

· Министерство за економија (улица „Јуриј Гагарин“ бр.15);

· Булевар „Партизански одреди“ (четири собирни места):

– 10.00 часот, кај автобуската постојка и пекарницата „Мал одмор“ (спроти Симпо);

– 10.00 часот, пред Симпо;

– 10.00 часот, кај мостот „Обединети нации“ (кај воените кули);

– 10.00 часот, спроти воените кули, кај трите бели кули.

· Платото на Млечен, пред „Ли“ кафе;

· ТЦ Лептокарија (на коцка, пред кафе бар „Ревија“ )

· Порта Влае (на плоштад „Делфина“).

Општина Карпош ги повикува сите граѓани, фирми, институции и граѓански организации да се приклучат кон оваа акција и преку сопствен пример да покажат грижа за заштита на животната средина.

Видео на денот