Голден стејт и Денвер ја продолжуваат битката за врвот на Западот (ВИДЕО)

Шампионот немаше никакви проблеми против Индијана славејќи со 112:89.
Најпрецизен беше Демаркус Казнс со 19 поени, Клеј Томпсон постигна 18 во триумфот на „воините”.
Во победнички ритам е и ривалот на Голден стејт во трката за првото место во Западната конференција, Денвер нагетс кој со 113:108 го победи Вашингтон. Дури осум играчи на Денвер го завршија натпреварот со двоцифрен број поени.
Голден стејт сè уште е лидер на Западот со скор од 49 победи и 22 порази, додека Денвер има една победа помалку.
Јута со поразот од Атланта со 114:117 си ја искомплицира ситуацијата во трката за плејофот. Јута сега има скор од 42 победи и 30 порази, идентично како и Оклахома сити, Сан Антонио и Л.А. Клиперс и водат битка од петтата до осмата позиција.
Резултати:
Шарлот – Минесота 113:106
Вашингтон – Денвер 108:113
Атланта – Јута 117:114
Феникс – Детроит 98: 118
Сакраменто – Далас 116: 100
Голден стејт – Индијана 112:89