Ѓоковиќ сепак нема да ја брани титулата на „Австралија опен“?

И натаму е неизвесно дали Новак Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн следната година/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Само вакцинирани тенисери и тенисерки ќе можат да настапат на грен слем турнирот „Австралија опен“, како што веќе е најавено.

Неизвесно дали првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја брани титулата во Мелбурн. На таа тема зборуваше тенискиот експерт Богдан Обрадовиќ за српските медиуми откри дека тој и Новак имаат слично размислување на темата вакцинација.

– Не зборуваме за тие теми, се видовме неодамна, но мислам дека и Новак размислува на ист начин. Мислам дека Светската здравствена организација создаде толку хаос што повеќе не се знае што е правилно – рече Обрадовиќ.

Според него, Ѓоковиќ нема да игра на првиот грен слем следната година доколку условот е вакцина.

– Доколку единствениот услов е Новак да се вакцинира, а тој нема да го направи тоа, нема да учествува на „Австралија опен“. Тоа е единствено логично. Да му забраниш да игра поради вакцина е исто како да забраниш да се изведуваат драмите на Нушиќ затоа што не е вакциниран – вели Обрадовиќ.

Проблеми за Германецот: Александер Зверев под истрага

Видео на денот