Ѓоковиќ под еден услов ќе остане без првото место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти „Индијан Велс“, но се очекува да биде дел од Мастерсот во Париз/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

По година и пол доминација, Новак Ѓоковиќ би можел да остане без првото место на АТП листата, а за тоа всушност да се случи, потребно е да се исполни еден голем услов.

„Индијан Велс“, ќе се игра од 7 до 17 октомври, кој со посебно внимание ќе се гледа и во домот на најдобриот светски тенисер, иако Србинот нема да учествува.

Имено, во случај Данил Медведев да го освои турнирот во Калифорнија ќе успее да го престигне српскиот тенисер, барем на седум дена.

Ѓоковиќ губи 23 бодови од „Индијан Велс“ пред две години, 1.000 бодови за освојување на Париз пред две години, 180 од Шангај и 90 од Виена. Така, српскиот ас на 1 ноември ќе има 10,340 бодови.

За да го престигне Ѓоковиќ, на Русинот потребна му е титула во Индијан Велс бидејќи ќе загуби 1.000 бодови од Шангај, 90 од Виена и 45 од Санкт Петербург, па ќе има точно 10,575 поени.

Медведев ќе помине само седум дена на врвот бидејќи на 8 ноември ќе загуби околу 2.500 поени поради турнирот во Париз и завршниот Мастерс во Лондон, а Новак ќе загуби само 400.

Ова значи дека сите погледи ќе бидат вперени кон Париз, бидејќи од 1 до 7 ноември ќе се игра Мастерс турнирот преку кој Ѓоковиќ би можел да се врати на врвот.

Проблеми за Германецот: Александер Зверев под истрага

Видео на денот