Ѓоковиќ на врвот 340 недели, намалена разликата во однос на Медведев

Данил Медведев годинава го брка првото место на АТП ранг листата/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, ја започна својата 340 недела на врвот на АТП ранг листата.

Светскиот рекет број еден во моментов има 11,633 поени, што е за 500 помалку од претходната недела кога имаше 12,133 поени.

Како резултат на тоа, рускиот тенисер Данил Медведев му се доближи на Србинот и разликата меѓу двајцата играчи е 1,058 поени, бидејќи победникот на „УС Опен“ остана на своите 10,575 поени.

Нема промени меѓу првите 10, после првите двајца на ранг листата се Стефанос Циципас и Александар Зверев, следуваат Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим, Рожер Федерер и Каспер Рад.

Во женска конкуренција води Австралијката Ешли Барти со 9,726 поени, пред Арина Сабаленка (7,005), а на третата позиција е Каролина Плишкова (5,265).

Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Видео на денот