Ѓоковиќ може да го загуби првото место поради правилата и математиката

Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти „Индијан Велс“, но се очекува да биде дел од Мастерсот во Париз/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

И додека Новак Ѓоковиќ е на одмор и сè помалку тренира за да ги „наполни батериите“, неговите фанови не престануваат да се занимаваат со калкулации. Никој не знае што ќе се случи со рангирањето на Србинот во иднина, но некои работи се речиси сигурни.

Ѓоковиќ е играчот со најмногу недели поминати на врвот на АТП листата, вкупно 340, а зад себе го остави Рожер Федерер од Швајцарија, кој застана на 310.

Но, да не беа промените во АТП правилата, „замрзнувањето“ на листата, промената на системот на бодови, првиот светски рекет ќе имаше 22 недели повеќе на врвот.

Како што стојат сега работите, Ноле би можел да ја прекине серијата која трае од 3 февруари 2020 година, на врвот на АТП листата. Имено, бројните промени во правилата и обидите на тениската организација да се справат во ерата на пандемијата на коронавирус доведе до целосно „луда“ ситуација.

Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Во случај Ѓоковиќ да не игра на ниту еден турнир до 1 ноември, тогаш би можел да го загуби првото место во светот. За да се случи ова тој мора практично да ја заврши сезоната, и да се откаже од учеството во Индијан Велс, што е сè поизвесно, иако организаторите пред некој ден потврдија дека ќе игра во Калифорнија.

Доколку Ѓоковиќ не собере поени во САД од 4 до 17 октомври, а Русинот Данил Медведев продолжи со одличните резултати, може да биде симнат од тронот.

Србинот ќе загуби 1.000 поени поради освојувањето на Париз во 2019 година, а само седум дена подоцна, Русинот ќе остане без својата „илјадарка“ поради освојувањето на турнирот минатата година. Во минатото, таквите работи честопати се коригираат во меѓувреме, така што постои можност датумот на одземање бодови да се изедначи.

Циципас со скандалозна изјава поради паузите за тоалет

Ова значи дека Новак како првопласиран на планетата ќе го дочека завршниот турнир во Торино, на кој сè уште се очекува да настапи, додека неговото место на врвот на АТП листата не е загарантирано на крајот на годината, туку ќе зависи од неговите игри.

Останува прашањето каде ќе игра Новак до крајот на годината, а меѓу големите предизвици се Мастерсот во Париз, и Дејвис купот со репрезентацијата.

Видео на денот