Ѓоковиќ ја започна 341. недела на чело на АТП ранг-листата

И натаму е неизвесно дали Новак Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн следната година/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 341. недела на првото место на АТП ранг-листата.

Српскиот тенисер кој и неделата ќе ја носи титулата „најдобар на светот“ има 11.633 бодови, нешто повеќе од 1.000 бодови од Данил Медведев. Русинот кој не наоѓа на второто место има 10.575 бода и сосема извесно е дека Ѓоковиќ до крајот на месецов е безбеден на првото место.

На третото место се наоѓа Стефанос Циципас со 8.175 бодови, додека Александер Зверев е четврти со 7.603 бодови, а Андреј Рубљов има 6.130. По нив следуваат Рафаел Надал, матео Беретини, Доминик Тим, Рожер Федерер и Каспер Руд.

Досега пласман на завршниот Мастерс кој ќе се игра во Торино, обезбедија Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев и Стефанос Циципас, а најблиску до пласман се и Зверев, Рубљов, Беретини, Надал и Руд.

 

Видео на денот