Ѓоковиќ ги изненади Србите: Му го враќа тенискиот центар на Белград, клубот престанува со работа

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Рим, но тоа не е веста на денот поврзана со српскиот тенисер во нашето соседство.
Имено, како што пренесуваат бројни српски медиуми, Ѓоковиќ од 1. јуни го враќа својот тениски центар на градот Белград, а клубот престанува со работа. Сите во клубот во белградската населба Дорќол биле информирани дека нивниот работен однос завршува на тој датум, а ќе остане само соработката со веќе спонзорирани играчи.
За српската јавност ова е шокантна вест затоа што тој центар пости 15 години и на него се одиграа седум АТП турнири и еден ВТА, како и уште многу помали натпреварување. Исто така тој е и главна база за подготовките на Ѓоковиќ, а го користат и други бројни тенисери, како српски, така и странски.
Точната причина за ваквата одлука на Ѓоковиќ засега за јавноста се непознати, но би требало да бидат објавени кога сѐ ќе биде официјално завршено.