Гимнастичарка ги скрши двете нозе при доскок (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Американската гимнастичарка Саманта Керио доживеа тешка несреќа, откако ги скрши двете нозе при доскок на вежба на партер. Поради несреќата таа веднаш одлучи да ја прекине професионалната кариера.
– Беше тешко да се гледа таа слика. Сите се надеваме дека Саманта брзо ќе закрепне. Штета, беше голем гимнастички талент – изјави нејзиниот тренер Џеф Граба.
Керио ги скршила двете нозе при доскотот од изведбата на двојно салто. Таа веднаш била пренесена во болница каде што била оперирана.
Керио на својот профил на „Инстаграм“ објави дека става крај на нејзината кариера.
Видео на денот