Германка држела петгодишно дете како роб – Еден ужасен детаљ ги згрози сите

Државјанка на Германија која била посветен следбеник на Исламската држава држела 5-годишно девојче како роб. Девојчето кое припаѓало на етничката група Језиди починало од жед.

Германката, која е идентификувана како Џенифер В. и нејзиниот идентитет се чува во тајност поради германските закони за приватност, се соочува со доживотна казна затвор. Судењето започна во вторникот во судот во Берлин.

Обвинетата е уапсена од германската тајна служба. Таа се обидувала повторно да се врати на Блискиот Исток, па германската тајна служба по добиена дојава од нивните колеги од САД поставиле операција, така што ѝ понудиле превоз. Не знаејќи дека возачот е всушност германски разузнавач, обвинетата во автомобилот на патот кон Ирак раскажала за сѐ што правела во ирачките градови Мосул и Фалуџа, за време на владеењето на ИСИС со градот.

Дваесет и седум годишната Германка не покажала емоции додека судијата во Берлин го читал обвинението против неа, што вклучува убиство, воени злосторства и членство во странска терористичка организација.

Петгодишното девојче било донесено во 2015 година кај Германката и нејзиниот сопруг од затвор во кој ИСИС ги чувале Језидите и од каде што ги продавале како робови. Германката заедно со нејзиниот сопруг го користеле девојчето како роб.
Откако девојчето се разболело и го измокрило душекот на кој спиело, мажот на Германката го врзал петгодишното дете во ланци надвор на сонце, по што девојчето умрело од жед.

Обвинителите на судот во Минхен рекле дека обвинетата не направила ништо за да го спаси девојчето. Мажот на Германката сѐ уште не е идентификуван.

Видео на денот