Германија, Холандија и Полска потпишаа договор за побрзо распоредување војници на источното крило на НАТО

фото: МИА, Состанок на НАТО Алијансата

Поради руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, НАТО и ЕУ почнаа да ги забрзуваат подготовките во случај на воен конфликт со Русија, пишува МИА.

Германија, Холандија и Полска потпишаа договор со цел намалување на бирократијата што го отежнува брзото распоредување на војници и оружје преку границите на еден од главните коридори од Северното Море до источното крило на НАТО

Поради руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, НАТО и ЕУ почнаа да ги забрзуваат подготовките во случај на воен конфликт со Русија.

Во такво сценарио, САД и другите сојузници на НАТО ќе мора да испратат големо воено засилување преку пристаништата во Северното Море на источниот фронт преку Германија и Полска. НАТО моментално ја спроведува својата најголема воена вежба од крајот на Студената војна, наречена „Непоколеблив бранител 2024“ во која учествуваат речиси 90.000 војници.

Говорејќи на состанокот во Европската агенција за одбрана во Брисел, холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен рече дека е клучно да се создадат услови кои ќе овозможат брзо распоредување на воените сили пред да избие каков било можен конфликт.

НАТО ги предупредува земјите-членки дека преголемата бирократија го попречува движењето на војниците низ Европа, што може да предизвика големи одложувања во случај на конфликт со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот