Германците го усвоија нацрт-буџетот, „ремен“ за министрите

фото: Profimedia

Сето ова е со цел да се избегнат нови долгови наспроти економското забавување, изјави еден неименуван владин претставник.

Германската влада, како што наведува, го одобри нацрт-буџетскиот план на министерот за финансии Олаф Шолц за 2020 и среднорочниот финансиски план до 2023 година, пренесува агенцијата „Reuters“.

Со нацртот е предвидена буџетска потрошувачка во износ од 362,6 милијарди евра, но и одредени извори тврдат дека министерствата ќе мораат да заштедат вкупно 625 милиони евра годишно и уште некои мерки кои ќе допринесат за дополнителна заштеда.

Нацрт-буџетот предвидува натамошно зголемување на воениот буџет во 2020 година, но не се прецисира како ќе се дојде до одвојување на два отсто од БДП-то за одбрана, односно договорената цел меѓу членките на НАТО.

Воениот буџет ќе биде зголемен за 2,1 милијарди евра во однос на претходниот план за 2020, што значи дека Германија за одбрана ќе одвои 1,37 отсто од БДП во однос на 1,25 за 2018 и 1,3 отсто од БДП во тековната година. Воениот буџет ќе се зголеми на 45,1 милијарди евра во 2020 година во однос на планираната потрошувачка од 43,2 милијарди евра во оваа година.

„Reuters“ оценува дека маневарскиот буџетски простор на германскиот министер за финансии станува построг, затоа што годинешните даночни приходи веројатно ќе бидат помали од очекуваните, бидејќи дека извозниците ќе бидат погодени од слабата побарувачка од странство, трговските спорови и неизвесноста околу Брегзит.

Видео на денот