Гатузо пред трансфер кој ќе го шокира Милан

EPA-EFE/GIORGIO BENVENUTI

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, налето би можел да ја шокира фудбалска Италија и да ја стане нов тренер на еден од најголемите конкуренти на „росонерите“. Гатузо е еден од главните фаворити да седне на тренерското столче во Рома.
Вчерашниот пораз во дерби-пресметката со Наполи го зголеми хаосот кој владее во Рома и тренерот Клаудио Раниери одби да си поднесе оставка и ќе ја заврши сезоната како тренер на екипата, а потоа ќе добие друга функција во римскиот тим.

Прва желба на раководството на Рома е Маурицио Сари, кој се наоѓа на „тенок лед“ во Челси и ќе бара плата речиси идентична како таа што ја има во Лондон, околу девет милиони евра, сума која е неприфатлива за „римската волчица“.

Втора варијанта е Џан Пјетро Гасперини, кој ќе бара долгогодишен договор и автономија во работењето и ангажирањето на играчи.
Затоа на радарот на Рома се најде Гатузо, кој е во постојан конфликт со директорот на Милан, Леонардо и токму тој е најсериозен фаворит од наредната сезона да ја предводи Рома.

Видео на денот