Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Пилешко со спанаќ

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – пилешко со спанаќ.

– Пилешко со спанаќ, шампињони и јајца надополнет со прекрасниот интензивен шмек од кари и лук е одлична комбинација – порачува Бобе.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 500 грама пилешки стек
– 500 грама спанаќ
– 200 грама шампињони
– 5 јајца
– еден праз
– кари и лук во прав
– сол, бибер

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во тава со масло се пропржува пилешкото, претходно исечкано на коцки и зачинето со сол. Откако малку ќе заруменат мевцата, се зачинува со кари и се додава празот исечкан на мали коцки, се промешува, па се додаваат шампињоните сечкани на половина уште 5 минути да се пропржат. Потоа во тавата се тура 150 мл. вода, се додава спанаќот и се зачинува со сол и лук во прав, се затвара со капак тавата и се остава 10 минути да се динстаат месото и спанаќот со повремено мешање.

Откако течноста во тавата ќе се намали со дрвена лажица се прават пет длабнатинки во спанаќот каде што се тураат јајцата едно по едно. Врз јајцата се тура сол, бибер и кари по вкус и повторно се затвора тавата со капак се додека јајцата не се зготват.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот