Француската лига поради Меси итно смени едно правило

Според „Лига 1“, бројот 30 е резервиран за голманите/Фото: psg.fr

Лионел Меси e во Париз, се договори за двегодишна соработка со ПСЖ, а потоа се случи нешто што малкумина го очекуваа.

Славниот Аргентинец, кој 16 години беше член првата екипа на Барселона, со која се раздели минатата недела, бидејќи неговиот претходен клуб не можеше да го собере договорот со Лео и правилата за финансиски фер-плеј (поради големите долгови, и обврските според новите прописи само дел од приходот може да се одвои за платите на играчите), нема да носи дрес со број 10 во ПСЖ, кој ќе го задржи Нејмар, туку ќе стои број 30.

А за да се случи тоа, требаше да се смени едно правило во францускиот фудбал. Имено, тамошните фудбалски прописи велат дека бројот 30 е резервиран за голманите.

ПСЖ се обрати до раководството на „Лига 1“, како што официјално се нарекува француското првенство, и побара во оваа прилика да „погледне низ прсти“.

Меси е новиот „дијамант“ во Париз/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Челниците на шампионатот го послушаа барањето на клубот од главниот град, па во итна постапка, дадена е дозвола Лионел Меси да игра во дресот со број 30 со кој веќе е фотографиран на „Паркот на принцовите“.

Овој факт го поздрави и славниот кошаркар во НБА, Стеф Кари, кој му посака добредојде во клубот преку социјалните мрежи, чиј почесен дрес со број 30 го има и самиот.

Да потсетиме, Лионел Меси оваа среда официјално ќе биде претставен пред јавноста како нов член на париските „светци“, а според локалните медиуми, тој ќе заработи 75 милиони евра во следните две сезони.

Имено, 25 милиони се бонус за потпишување на двегодишниот договор, а по 25 милиони нето, односно по одбивање на данокот, го чека во секоја од двете претстојни сезони.

Видео на денот