ФОТО+ВИДЕО: Момент за историја, Лео Меси дебитираше за ПСЖ

Првиот настап на Лео Меси во дресот на париските „светци“/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот фудбалер во историјата на Барселона, Лионел Меси, вечерва дебитираше за ПСЖ на првенствениот натпревар од француската „Лига “ во Ремс.

Славниот Аргентинец со бројот 30 на својот дрес го замени својот тимски колега и голем пријател, Нејмар во 66 минута.

ПСЖ во рамките од четвртото коло во шампионатот победи со 0:2, а двата гола ги постигна Килијан Мбапе кој во изминатиот период доста се поврзуваше со заминување од клубот.

Ремс постигна гол во 51 минута, кога стрелец беше Маршал Мунечи, но по користењето на ВАР технологијата, голот беше поништен поради офсајд.

ПСЖ е прв на табелата во првенството со максимални 12 бода, а Ремс е на 17 место со три бода. Да потсетиме, Аргентинецот потпиша за париските „светци“ на почетокот на сезоната.

На дуелот со Ремс влезе на теренот како замена за Нејмар//Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT
ПСЖ е само негов втор професионален клуб после Барселона/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT
Видео на денот