ФОТО: Том Круз им се јавил на британските фудбалери за да им каже дека вечер ќе навива за нив

Славниот американски актер Том Круз им се обратил преку телефон на репрезентативците на Англија за да ги поддржи во финалето на ЕП 2020, каде Англија и Италија ќе ги одмерат силите на „Вембли“.
Ова го откри капитенот Хари Кејн, кој вечерва ќе го предводи својот тим на овој историски натпревар.
– Очигледно е дека нѐ поддржуваат поранешните играчи, а исто така ни се јави и Том Круз. Не знаевме дека тој го сака фудбалот – изјавил Кејн за Би-би-си.
England aim to be Euro ‘Top Guns’ after call from Tom Cruise | Football News https://t.co/zRcBiRiOja
— Web News (@wn24in) July 10, 2021
Англичанецот вели дека гестот на холивудската ѕвезда Том Круз е многу убав.
– Имавме среќа затоа што сите сме погледнале барем еден од неговите филмови. Мислам дека тој е во Велика Британија и ни се јави само за да му посака најдобро на тимот. Тоа беше убаво од него – додал Кејн.
Инаку, Том Круз вчера се појави и на финалето во тенис на Централниот терен на Вимблдон помеѓу Ешли Барт и Каролина Плишкова. Фотографиите што го обиколија светот, го покажаа Круз како насмеано седи на трибините, ги поздравува бројните обожаватели и аплаудира по победата на Барти над Плишкова.