ФОТО | Среќен 63-ти роденден Мадона: Кралицата на поп музиката објави фотографии од роденденската прослава и подароците

Поп иконата денес го слави својот 63-ти роденден. Мадона Луиза Вероника Чиконе, позната само како Мадона ги обликуваше поп културата, модата, звукот и начинот на живеење.
Својата слава ја стекна во осумдесеттите години на минатиот век, кога предизвикуваше скандали со својата музика и сценски настапи, а притоа и ги помести границите во музиката, поради што ја доби титулата „кралица на поп музиката“.
View this post on Instagram
Во 2000 година, Гинисовата книга на рекорди ја наведе Мадона како најуспешна женска соло изведувачка на сите времиња. Гинисовата книга на рекорди ја запиша Мадона како најпродавана женска изведувачка на сите времиња, со повеќе од 300 милиони продадени плочи во текот на нејзината кариера.
Oваа година пејачката ја прослави и 23 годишнината од нејзиниот хит сингл „Frozen“ од 1998 година, со објавување на нова верзија на видеото, во HD резолуција. Таа неодамна го стори истото со синглот „Bedtime Story“ од 1995 година.
View this post on Instagram
Песната „Frozen“ се смета за еден од најголемите хитови на Мадона. Издаденa е како сингл од нејзиниот седми студиски албум „Ray of light“.
Музичките критичари ја опишаа песната како „ремек-дело“. Песната доживеа неверојатен комерцијален успех низ целиот свет. Стана шести број еден сингл на Мадона на музичките топ листи на Билборд – ХОТ 100 во САД, и прв број еден сингл на Мадона во Велика Британија.
View this post on Instagram
Денес на својот инстаграм профил со бројните фанови Мадона сподели моменти од роденденската прослава на која главни гости се нејзините деца, како и нејзиниот партнер, 27 годишниот танчер и кореограф, Ахламалик Вилијамс.
Пејачката се пофали со бројните букети цвеќе како и подароците кои ги добила од своите соработници, пријатели и семејството.