ФОТО | Славниот Боно Вокс пристигна во Сараево, обожавателите го пречекаа со аплауз и овации

Irish rock legend, Bono Vox and his spouse, Ali Hewson, arrive to the red carpet area for the 27th Sarajevo Film Festival, in front of Bosnian National Theatre on August 15, 2021. Irish singer arrived in Sarajevo as a surprise special guest at the screening of "Million Dolars Hotel", motion picture by German director, Wim Wenders, on the 3rd day of this year's Sarajevo Film Festival.,Image: 627146696, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: ELVIS BARUKCIC / AFP / Profimedia

Боно Вокс, фронтменот на култниот бенд „Ју Ту“ со својата сопруга денеска пристигна во Сараево во рамките на 27-то издание на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ), како негов почесен гостин.

Славниот музичар со прочуениот режисер Вим Вендерс прошета по специјалниот црвен тепих.

Фотографијата од Боно ја објави Мирсад Пуриватра, директор на СФФ на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by miropurivatra (@miropurivatra)

На фотографијата, Боно е во друштво на Вендерс во Националниот театар, каде што денеска ќе се одржи и проекцијата на обновената верзија на неговиот филм „Хотел од милион долари“.

Познатиот режисер Вим Вендерс е добитник на почесното Срцето на Сараево на годинешното издание на фестивалот.

Голем број граѓани се собрале на Фестивалскиот плоштад каде Боно бил пречекан со аплауз и овации, а познатиот музичар ги потпишувал фотографиите што ги држеле и ги поздравил присутните, па многумина ја искористиле можноста да се фотографираат со него.

Боно Вокс им останал во посебно сеќавање на Сараевчани, откако одржа голем концерт со групата „Ју Ту“ на 23 септември 1997 година.

Инаку, Боно Вокс во неколку наврати потврди дека е вистински пријател на Босна и Херцеговина, а доделен му е и почесен пасош на БиХ.

Видео на денот