ФОТО | Штипската бајка на Јадранка: Цвеќињата му даваат живот на мојот живот!

Фото: Приватна архива
Во овој врнежлив период, ви носиме сончеви вести од Штип, од дворот на госпоѓа Јадранка Лепиткова Стаменкова, која по професија е домаќинка. Вели дека не работи од здравствени причини. Но, затоа оваа цветна дама се грижи и за дворот и за сè околу куќата.
– Задоволство наоѓам токму во дворчето. Меѓудругото, се грижам и за две мачиња и едно куче, Германскиот овчар Тара. Тие подеднакво ми се украс во дворот, вели Јадранка.
фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива
Дворот на Јадранка се протега на 100 квадратни метри, во него доминираат зимзелени растенија поради тамошната клима и изложеноста на доста сонце.
– Секој ден има по нешто работа, од чистење до средување, па во текот на денот на дворот му посветувам, во зависност од потребите, од еден до три часа. Бидејќи дворот е до прометна улица, многу често бара одржување, ни објаснува вредната госпоѓа. 
Вели дека сите цвеќиња ѝ се омилени и дека тие му даваат живот на нејзиниот живот.
– Со задоволство пијам кафе во дворот и уживам да ги гледам цвеќињата и растенијата, додава таа.
– Одгледувањето цвеќиња бара посветеност, но сепак, задоволството…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Видео на денот