ФОТО | Рачна изработка од злато: Во продолжението на „Сексот и градот“ ќе се носи накит од позната српска дизајнерка

Продолжението на серијата „Сексот и градот“, насловено „And Just Like That“, се снима активно, а додека публиката чека да види како ќе изгледаат новите авантури на Кери, Миранда и Шарлот, многумина сè уште жалат за отсуство на Саманта во новиот серијал.
View this post on Instagram
Многумина тврдат дека не сакаат да го гледаат продолжението на оваа серија без Ким Катрал, но сигурно е дека актерките Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис се во центарот на вниманието и цел на фоторепортерите.
View this post on Instagram
Ова особено важи за нивните модни изданија, кои се неопходни кога станува збор за приказната на пријателките од Њујорк. Овој пат, Моли Роџерс се грижи за нивните модни комбинации, а покрај звучните светските модни имиња дел од накитот кој ќе го носат актерките е со потпис на познатата српската дизајнерка на накит Ана Срдиќ.
View this post on Instagram
Дел од комбинацијата што ја носи актерката Никол Ари Паркер на еден од сетовите е прстен на Ана Срдиќ, кој е рачно изработен од злато и жолт полускапоцен камен, а се продава по цена од 750 долари.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ана е антрополог и дизајнер по образование, а се школувала во Србија и Јужна Африка. Студирала дизајн на накит во Тајланд, и е позната како голем љубител на Африка. Ана како професионално, така и приватно се дружи со познатата дизајнерка Дона Каран.