ФОТО: Најскапиот мед на светот се продава за 10.000 евра по килограм

Овој мед потекнува од една пештера сместена на 2450 метри надморска висина. Неговата боја е темна, додека вкусот е горко – сладок, а самиот мед е исполнет со лековити состојки. Богат е со магнезиум, цинк, феноли, флавоноиди и антиоксиданси.
View this post on Instagram
Покрај тоа постои уште една добра причина за тоа што медот е толку скап. Тој се собира само еднаш годишно, за да не се вознемируваат пчелите кои го произведуваат. Инаку, пчелите го произведуваат од лековитите билки околу пештерата. Кога ќе се собере доволно мед, примероци се праќаат до турскиот Научен институт за верификација и детални анализи на квалитетот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Потврдувајќи дека го собориле Гинисовиот рекорд, од компанијата споделија видео на својот инстаграм – профил. Нова тура мед за купување ќе биде подготвена до крај на октомври оваа година, а порачките веќе пристигнуваат, пренесуваат медиумите.