ФОТО | Гостите шокирани! Платиле 2.100 евра за вечера кај познатиот турски готвач

Фото: Инстаграм

Турскиот готвач Нусрет Гокче, на социјалните мрежи попознат под името Salt Bae, поседува синџир ресторани, а популарста ја стекна благодарение на начинот на кој го зачинува месото.

Имено, откако ќе го исече бифтекот, Нусрет го посолува така што раката ја свиткува во лактот, па солта паѓа по целата негова подлактица, сѐ до месото. Токму тој карактеристичен потег го вивна меѓу ѕвездите.

Му донесе слава и милиони, па сега сѐ повеќе се нижат светските градови во кои Нусрет ги отвора своите ресторани. Во моментов има 17 ресторани, а неодамна беше отворен еден во Лондон, каде што луѓето беа шокирани од цените.

Еден гостин ја споделил сметката по вечерата во ресторанот на Нусрет, на којашто се гледа дека сметката изнесувала 1812 фунти, а 236 фунти им било наплатено само за бакшиш.

Оваа сметка ја направиле осум гости, а луѓето биле крајно изненадени и од цената на сокот, кој чини девет фунти, како и од фактот дека четири пијалаци „Ред Бул“ им биле наплатени 44 фунти.

– Што е, по ѓаволите, златен бургер? Сто фунти, дали е тоа најдобриот бургер на светот? И 630 фунти за стек? Јас би одбила да платам и би излегла, ова е лудо, коментирала една девојка на Твитер.

„Се надевам дека остатокот од говедското месо ви го дадоа да си го земете! 630 фунти за стек!“, „Зошто баклавата чини 22 фунти, морам да ја видам таа порција“, се чуделе понатаму, пренесува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nusr_et#Saltbae (@nusr_et)

 

Видео на денот