ФОТО | Филипче сподели фотографија со Катерина Ивановска и се пошегува на своја сметка

Фото: Инстаграм

Во рамките на Скопскиот маратон, кој денеска се одржа по 17-ти пат, пред салата „Борис Трајковски“ беше отворен пункт на кој граѓаните можеа да се информираат за пресадувањето органи како можност за лекување и продолжување на животот, како и да се запишат во Националниот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина.

Меѓу многубројните граѓани беше и министерот за здравство Венко Филипче кој даруваше крв.

На своите профили на социјалните мрежи министерот сподели фотографии од самиот настан. На една од фотографиите се наоѓа во друштво на манекенката Катерина Ивановска, која исто така, денеска го даде својот придонес.

Министерот на фотографијата ѝ даде и една шеговита нота, алудирајќи на висината на Катерина.

„Не знам зошто секогаш стои на прсти кога се сликаме“, стои во описот на фотографијата.

Фотографијата веќе собра 2.300 лајкови, а коментарите продолжуваат да се нижат.

No description available.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Видео на денот