ФОТО | Деталите на рацете на Протасевич привлекоа внимание: Траги од лисици или доказ дека бил измачуван?

Белорускиот новинар и дисидент Роман Протасевич во четвртокот вечерта даде интервју за државната телевизија, во кое призна дека организирал масовни немири, но еден детал на неговите раце привлечe големо внимание.
За време на интервјуто, Протасевич го пофали претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и призна дека се обидел да го симне од власт.
Меѓутоа, кога во еден момент тој се расплака и ги покри очите и лицето со рацете, многумина ги забележаа трагите на неговите зглобови.
Roman Protasevich’s wrists. https://t.co/GAvrOrqNpO
— Oliver Carroll (@olliecarroll) June 3, 2021
Некои медиуми јавуваат дека можеби станува збор за рана од носење лисици, но сепак борците за човекови права и опозиционите активисти велат дека тој бил мачен, пренесува Би-Би-Си.
– Ужасно е да се помисли на бруталноста што белоруските безбедносни сили мораа да ја искористат за да го принудат Роман Протасевич да го сними ова видео. Тоа треба да биде доказ А во гонењето за тортура и лошо постапување под режимот на претседателот Лукашенко – рече Кенет Рут од групата Хјуман рајтс воч.
Неговиот татко Дмитриј Протасевич, исто така, верува дека неговиот син бил „скршен и принуден да каже што е потребно“.