ФОТО: Чудна парада во Северна Кореја, немаше ниеден балистички проектил

Парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја одржа воена парада за да одбележи 73 години од основањето на државата, но овој пат на улиците не беа изнесени никакви балистички ракети кои се вообичаен „декор“ на парадите во оваа земја.

Годинава, државните медиуми објавија фотографии на коишто војници и работници маршираат во заштитна облека.

Парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

Аналитичарите оваа промена на составот на парадата каде имаше трактори, пожарникарски возила и огномет, но и луѓе во портокалови заштитни одела и гас-маски, ја толкуваат како можност дека земјата формирала специјални сили за спречување на ширењето на коронавирусот.

Парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

До 19 август, во Северна Кореја не бил забележан ниеден случај на коронавирус, според Светската здравствена организација, иако критичарите сметаат дека тоа е малку можно. Досега биле тестирани повеќе од 37.200 луѓе, но не бил откриен ниеден позитивен тест, се вели во неделниот извештај на СЗО.

На парадата, по подолго отсуство од јавноста, присуствуваше и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун. И сега како и на претходното појавување во јавност тој е ослабнат што ја вознемири севернокорејската јавност.

Парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

 

Видео на денот