Форумот на корпоративни регистри ќе одржи годишна конференција

Од денеска Централниот регистар е домаќин на годишната конференција на Форумот на корпоративни регистри.

Според информациите „Трансформирањето на бизнис регистрите во поттикнувачи на меѓународната соработка и трговија” е тема на петдневната конференција.

Обраќања на отворањето на конференцијата се најавени на премиерот Зоран Заев, Марија Бошковска – Јанковски, директор на Централниот регистар и Розен Бел, претседател на Форумот на корпоративни регистри.

Видео на денот