Филмски грабеж во Албанија

EPA/CHRISTIAN BRUNA

Група разбојници влегоа со возило на аеродромот во Тирана кога патнички авион на „Австрија ерлајнс“ се подготвуваше да полета за Виена и украдоа голема сума на пари, а еден од крадците е убиен откако дошло до размена на оган меѓу нив и полицијата.

Според албанските медиуми, сумата која е украдена изнесува околу 2,5 до 10 милиони евра кои требале да се пренесат во Виена.

Албансаката полиција вели дека станува збор за 4 лица. Едниот од нив е мртов по размена на оган меѓу итната служба на полицијата и разбојниците. Според полицијата, лицето се вика Адмир Муратај кој бил на 35-годишна возраст. Другите разбојници избегале во непознат правец и полицијата се уште трага по нив.

Целиот грабеж се случил пред очите на патниците кои чекале авионот да полета. Тие велат дека мислеле оти се работи за полициска обука.

 

Видео на денот