Филипче: Тендерот за набавка на реагенси ќе биде распишан по изборите

Големиот тендер за централна набавка на биохемиски реагенси за лабораториите во земјава ќе биде распишан по завршување на претседателките избори, најави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Повторното распишување на тендерот вреден околу 35 милиони евра беше најавено на прес-коференција во Владата уште пред неколку месеци. Тендерот беше распишан еднаш, но потоа поништен, а за него истрага отвори и Јавното обвинителство.
Лабораториите, според министерот моментално имаат доволни реагенси.
Централната набавка треба да обезбеди реагенси за сите лаборатории во земјава, а добавуачите ќе треба да дадат апарати на бесплатно користење. Новина ќе биде и тоа што нема сите анализи да се прават во сите лаборатории, туку ќе се направат неколку централни, а во другите ќе се прават само основните биохемиски анализи.