ФФМ и УЕФА со признание за „стотката“ на Пандев

Пред натпреварот со Летонија, капитенот Горан Пандев доби подароци и признанија за големото достигнување во А-тимот, 100. настап во репрезентативниот дрес, од страна на ФФМ и УЕФА.
Влезот во “ексклузивниот” клуб му го честитаа новиот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и претставникот на УЕФА, Тјери Фавре.

фото: ФФМ

Пандев на мечот со Летонија стана само вториот македонски фудбалер кој дојде до бројката од 100 настапи во репрезентативниот дрес, пред него тоа го стори и Гоце Седлоски.

Првиот настап во дресот на македонската репрезентација, Пандев го имаше во 2001 година на гостувањето во Бурса против Турција (3:3).

Видео на денот