Фетел почна да размислува за пензија

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел по серијата грешки со кои се најде на удар на јавноста и на навивачите на италијанскиот тим, изјави дека се сомнева за својата иднина во тимот. Според него Формула 1 полека ги губи вредностите и станува шоу бизнис.

„Многу вредности кои беа присутни веќе ги нема. Формула 1 повеќе не е спорт туку стана сериозен бизнис каде што парите се главни. Можеби вакви работи се случуваат и во другите спортови, но не се така очигледни како кај нас. Сигурен сум дека ќе возам уште две години, а потоа ако имам желба ќе продолжам – вели Фетел.

Фетел се најде на удар на критиките бидејќи кога е под притисок посебно од конкурентот Луис Хамилтон, често прави грешки. На последната трка во Бахреин откако беше претекнат од Хамилтон се изврте и го загуби местото на победничкиот подиум. Минатата сезона тој направи четири слични грешки буквално подарувајќи му ја титулата на возачот на Мерцедес.

Видео на денот