Фершпед оствари вкупни приходи од 3.861.436 илјади денари во 2018 година

Групацијата „Фершпед“ А.Д. Скопје за периодот јануари-декември 2018 година оствари оперативна добивка во износ од 32.233 илјади денари искажана во консолидираниот Биланс на успех.
Во 2018 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.
Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2018 година изнесуваат 3.861.436 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2017 година бележат раст од 7,4%. Оперативните приходи во износ 3.848.443 илјади денари учествуваат со 99,7 % во вкупните приходи и бележат раст од 7% во споредба со оперативните приходи во 2017 година.
Финансиските приходи учествуваат со 0,3 % во вкупните приходи и истите бележат зголемување.
Вкупните расходи во износ од 3.859,207 илјади денари бележат раст од 10,8 % во однос на вкупните расходи во 2017 година. Оперативните расходи во износ 3.836.759 илјади денари бележат раст од 11% во однос на 2017 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 62,8% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 2.407.588 илјади денари.
Финансиските расходи бележат значително намалување во однос на истите од претходната година.
„Фершпед“ АД Скопје за периодот јануари-декември 2018 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во консолидираниот Биланс на успех во износ од 4.296 илјади денари.
Вкупните обврски по кредити на 31.12.2018 година се намалени за 142.143 илјади денари или 22% во споредба со состојбата на 31.12.2017 година и истите претставуваат 15,3% од капиталот и резервите.
Според компанијата, оперативните приходи се очекува да се зголемат за 5,5% во однос на истите од 2018 година. Финансисите приходи се очекува да бидат на исто ниво како и минатата година.
Оперативните расходи се очекува да имаат раст од 5,4% во споредба со минатата година. Финансиските расходи се очекува да бидат на исто ниво како и минатата година.
Се предвидува работење со позитивен финансиски резултат, како и пораст на оперативната добивка со стапка од 8,8%.
Согласно стратешката определба и заради осовременување на процесот на работење во 2019 година, се предвидува вложување во инвестиции во вкупна вредност од 54.601 илјади денари. Истите се однесуваат на инвестиции во градежништвото и инвестиции во набавка на опрема.
За реализација на планските цели и насоки се предвидува одржување и подобрување на квалитетот на реализација на преземените мерки и активности, со цел да се зголеми задоволството на коминтентите, активен настап во доменот на локален и меѓународен транспорт, како и работењето на Друштвото во целина.