Федерер: Заборавив да пролизгувам на земја

EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Роже Федерер од освоени 20 Гран слем турнири, само еднаш триумфирал на турнирот кој се игра на земја, Ролан Гарос. Самиот тенисер признава дека на земјените терени не се снаоѓа најдобро и е свесен дека тешко доаѓа до добри резултати.

Голем удел во тоа има и Рафаел Надал, кој речиси е непобедлив на оваа подлога. Во меѓусебните дуели на земја, Надал води со 16:2, а Шпанецот триумфираше и на сите пет меѓусебни дуели на Ролан Гарос од кои четири беа во финалето.

– Не сум самоуверен пред стартот на сезоната на земја. Дури и заборавив како се пролизгува, за мене сезонава ќе биде како да сум дебитант. Не одиграв ниту еден поен, немав ниту еден удар на земја минатата година. Пред две години поминав само два дена, а пред три години загубив на првите два Мастерс турнири и сега не знам што да очекувам. Нормално фактот дека победив во Мајами, делумно ме ослободува од притисокот – вели Федерер.

Видео на денот