Европа оставари бруто приходи од 800.296.562 денари

Компанијата А.Д. „Европа“ – Скопје при изготвување на финансиските извештаи за 2018 година објави дека нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во консолидираните финансиски извештаи споредбено со претходната година.

Во 2018 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 800.296.562 денари и се зголемени за 9,8% во однос на бруто приходите од 2017 година.

Вкупните оперативни приходи за 2018 година се зголемени за 12,3% во однос на истите во 2017 година. Останатите приходи бележат пад од 26,6%, а кај финансиските приходи падот е 54,3% во однос на 2017 година.

А.Д. „Европа“ – Скопје за 2018 година оствари добивка во износ од 106.301.820 денари и е поголема во однос на претходната година за 111,5%.

Вкупните расходите се зголемени за 1,6% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2018 година се зголемени за 4%, а финансиските расходи пак се намалени за 85% во однос на 2017 година.

Видео на денот