Eштон Качер се откажа од патувањето во вселената: Го премислила неговата сопруга Мила Кунис

Мила Кунис не била среќна кога сопругот ѝ рекол дека сака да лета во вселената. Имено, Ештон Качер за „Cheddar News“ во четвртокот изјави дека купил билет за следниот лет на милијардерот Ричард Брансон, „Virgin Galactic“ и дека бил подготвен за патување во вселената – сè додека неговата сопруга Мила Кунис не „вмешала прсти“.
View this post on Instagram
Качер го купил билетот уште во 2012 година, три години пред бракот со Мила Кунис. Но, откако ги добиле децата, тој вели дека сопругата му рекла дека не би било паметно да патува во вселената кога имаат деца дома, па на крајот актерот се откажал од таа идеја.
View this post on Instagram
Брансон неодамна отпатува во вселената и стана првата личност која го напрви тоа во сопствената ракета. „Virgin Galactic“ планира уште еден пробен лет пред почетокот на вселенскиот туризам.
ВИДЕО: Милијардерот Ричард Бренсон полета во вселената и успешно се врати на Земјата
Компанијата веќе има повеќе од 600 потенцијални туристи кои сакаат да тргнат на ова уникатно патување.
View this post on Instagram
Билетите прво чинеле 250.000 американски долари, но кога компанијата повторно ќе ги понуди, се верува дека цената ќе биде многу повисока.
„Требаше да бидам на следниот лет, но тоа нема да се случи“, рече Качер. Иако засега нема да лета во вселената, тој нема намера да се откаже од својот сон. „Во одреден момент, ќе одам во вселената“, рече тој.