Емотивно простување на Новицки и Вејд (ВИДЕО)

Последните 11 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата повторно поминаа во знакот на Дирк Новицки и Двејн Вејд кои ги одиграа последните натпревари.

Сан Антонио на достоен начин се прости од Новицки кој не можеше да ги скрие солзите од емотивното претставување. На крајот тој натпреварот го заврши со 20 поени и 10 скокови, но неговиот Далас загуби со 105:94.


Двејн Вејд на својот проштален натпревар беше уште подобар, оствари трипл-дабл во поразот на Мајами од Бруклин. Вејн имаше учинок од 25 поени, 10 асистенции и 11 скокови.

Со одигрувањето на последните натпревари од регуларниот дел од сезоната се познати и паровите кои ќе играат во првото коло од плејофот.

Во Западната конференција, првиот носител Голден стејт игра против ЛА Клиперс, а доколку успешно ја мине оваа препрека во полуфиналето би се сретнал со подобриот од дуелот помеѓу Хјустон и Јута.Портланд кој заврши како третопласиран за противник ја има Оклахома сити, а Денвер се среќава против Сан Антонио.

Во Источната конференција, Милвоки бакс ќе игра против Детроит пистонс. Дербито на Истокот го играат четврто и петтопласираните Бостон и Индијана. Филаделфија се среќава со Бруклин, додека Торонто игра против Орландо.

Видео на денот