Елмас головите му ги посвети на Пандев

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од триумфот и трите освоени бодови но смета дека победата мораше да биде обезбедена порано.
– Тоа што беше планирано и што го најавивме, го остваривме. Среќни сме што победивме, на убав начин му го честитавме јубилејот на Горан Пандев. Токму фудбалерите му честитаа на најдобар можен начин. Елиф Елмас беше одличен, со два гола му честиташе на батко Горан. Победивме, освоивме три бода, создадовме голем број на шанси, но мораше порано да го решиме мечот, а имавме многу шанси. Треба да бидеме задоволни, ама да не нѐ зафаќа еуфорија. Сега одиме на мечот со Словенија, вели Ангеловски.

Стрелецот на двата гола, Елиф Елмас покажа дека е пoдготвен во скора иднина да ја превземе лидерската улога во репрезентацијата токму од капитенот. Елмас двата гола му ги посвети токму на славеникот Пандев.
– Среќен сум што победивме, а оваа победа и двата гола му ги посветувам на капитенот Горан Пандев. Сега играме против Словенија и  на тоа гостување ќе одиме на трите бода, вели Елмас.

Видео на денот