Едноставен трик: Како да не ви се лепи храната на тави од не’рѓосувачки челик

Фото: Instagram

Колку и да ги менувате тавите од не’рѓосувачки челик, секогаш ви се случува едно исто – храната за нив се лепи и тешко се пржи, поради што се откажувате од нивно користење. За среќа, постои едноставен трик што ќе ви помогне да го решите овој проблем.

Прво треба постепено, на пониска температура, да ја загревате тавата празна, без масло и храна. По две-три минути, ставете со лажичка вода и ако таа се формира во топче и почне да лизга по тавата, тоа значи дека можете да ставите масло и да ја готвите храната. Во сите други случаи – ако водата веднаш испари, или се распрснува во помали зрнца па испарува итн., тавата не е подготвена за пржење. При ова внимавајте, загревањето на тавата не смее да е на јака температура и површината не смее да се вжари.

Ако сепак се случи да брзате и немате време да проверувате, па храната се залепи за дното, не брзајте да ја одлепите. Во ваквите тави храната кога е готова, самата се одлепува од дното.

Видео на денот