Единствениот аеродром во главниот град на Либија бомбардиран и затворен

Либиските власти денеска го затворија единствениот функционален аеродром во главниот град Триполи по извршениот воздушен напад, изјави претставник на аеродромот.

На аеродромот Матига биле забележани некои патници како го напуштаат терминалот.

Во Либија, од минатата недела се обновени конфликтите, кога Либиската национална армија (ЛНА) предводена од Калиф Хафтар од исток тргна во освојување на западниот дел од земјата и центарот на Триполи, каде што контрола има меѓународно признатата Влада предводена од Фајез ал-Сараџ.

Двете страни објавија дека од четвртокот најмалку 41 лице, вклучувајќи ги и цивилите, биле убиени.

Видео на денот