Единствени козметичко-дерматолошки услуги во Македонија: Најголем дел од ефектите се видливи уште веднаш по третманите

Фото: Промо

Центарот за естетска дерматологија при клиничката болница „Жан Митрев“ е сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел, кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување. Разговараме со д-р Александра Лазаревска и со д-р Анџелка Илиева, кои ни ги претставија професионалните услуги што ги нудат.

Кои козметички третмани ги нудите за подобрување на состојбата на кожата?

– Целиот процес започнува со преглед – персонализирана анализа на кожата на пациентот со најсовремен апарат со анализатор, кој освен целосната длабинска анализа на сите слоеви на кожата, располага со софтвер кој користи вештачка интелигенција. Со негова помош, секој пациент добива персонализирано досие и план за третмани за добивање на крајниот ефект. Секако, најактуелни се третманите против стареење: пополнување на брчки со дермални филери со хијалуронска киселина, пополнувачи со калциум-хидроксил апатит за контурирање на лицето и за стимулација на колаген. Го нудиме и светски познатиот третман со плазма добиена од сопствена крв, колаген индукциска мезотерапија и биоревитализација, хемиските пилинзи, хидрадермоабразија, ултразвучен лифтинг и многу други.

Во моментов имаме промотивен период во кој секој пациент може да добие бесплатна консултација со нашите дерматолози кои би можеле да дадат соодветни насоки за понатамошни планови за реализација на посакувани цели.

Колку време е потребно да се воочат првичните промени на кожата кај пациентот?

– Најголем дел од ефектите се видливи уште веднаш по третманите. Целта на нашите персонализирани третмани е токму да се поттикнат сите фактори што влијаат и го задржуваат природниот изглед. А нашиот тим од специјалисти дерматолози, нутриционисти, физиотерапевти и лекари дополнително ќе се погрижат за тоа.

Фото: Промо

Со каков вид технологија се извршуваат третманите во центарот за естетска дерматологија?

– Нудиме високо развиена технологија специјализирана за естетска дерматологија, а со неа сме единствени во нашата држава. Апаратот HydraFacial нуди видливи резултати, со негова помош се изведуваат третмани за измазнување и подмладување на кожата. Со помош на хидрадермоабразија се спроведува неинвазивен метод, кој користи специјални персонализирани серуми и бустери за длабоко чистење, ексфолијација, хидрирање и подмладување на кожата.

Дигиталниот апарат за дерматоскопија Fotofinder Automated Total Body Mapping во себе има вграден софтвер со вештачка интелигенција и експертски софтвер Mole Analyzer Pro, кој користи најмоќни алгоритми за анализа на кожата, косата и ноктите. Станува збор за неинвазивен метод за автоматско, комплетно мапирање на кожата на целото тело. Наскоро ни пристигнуваат уште нови уреди во функција на заокружување и збогатување на портфолиото услуги за нашите клиенти. А тоа е уредот УЛТЕРА за ултразвучно затегнување на кожата. Ова е едниствениот апарат одобрен од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) за затегнување и лифтинг на кожата без оперативен зафат. Наскоро ќе го добиеме и премиум ласерот за безбедно и ефикасно третирање на различни состојби на косата и отстранување на несаканите влакна. Повеќенаменскиот ласер користи четири различни технологии и овозможува третман на различни типови кожа, различни возрасни категории и пол. Третира над 30 различни проблеми со кожата како IPL третмани на сите промени на кожата, васкуларни лезии, проширени вени, пигментирани лезии, хиперпигментации, трајно отстранување на влакна на кожата и тетоважи, акни, како и отстранување на лузни и стрии.

Бесплатна консултација со совети за следни чекори во естетските третмани може да си закажете кај др Александра Лазаревска и др Анџелика Илиева во Центарот за естетска дерматологија при клиничката болницa „Жан Митрев“ на тел. 02/3091 484

Видео на денот