Државниот завод за ревизија одбележува 20 години од своето работење

Државниот завод за ревизија денеска одбележува јубилеј – 20 години од своето работење.

По тој повод ДЗР организира „Тркалезна маса за соработката меѓу Државниот завод за ревизија и Собранието на Република Северна Македонија” на која, како што е најавено, ќе учествуваат претставници на повеќе европски Врховни ревизорски институции и на Европскиот суд на ревизори .

Јубилејот се одбележува во рамките на проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија„ кој е финансиски поддржан од Европската унија.

Државниот завод за ревизија во попладневниот дел организира и свечен прием и коктел.

Видео на денот