Драма на венчавка: Свекрвата дознала дека невестата ѝ е родена ќерка

Жена од Кина останала шокирана кога сфатила дека девојката со која нејзиниот син сака да се ожени ѝ е ќерка! Сцената достојна за најдобриот филмски заплет се одиграла на една венчавка на 31 март во Кина, пишува „Ориентал дејли“.
Додека церемонијата сѐ уште не била одржана, идната свекрва на раката на невестата здогледала белег што ја шокирал – токму таков имала нејзината одамна изгубена ќерка!
По првобитниот шок, одлучила да ја дознае вистината. Им пришла на родителите на невестата и ги прашала дали можеби нивната ќерка е посвоена. Родителите на невестата прво биле шокирани од нејзиното прашање, а потоа признале дека нивната ќерка е, всушност, бебето што го пронашле покрај патот и го посвоиле пред 20 години и го гледале како родена ќерка.
Идната невеста, откако дознала сѐ, опишала дека фактот што ја запознала биолошката мајка ја направил повеќе среќна од самата венчавка.
Инаку, венчавката, сепак, била одржана, затоа што и младоженецот бил посвоен, така што немало никакви препреки тие двајца да склопат брак.