Досега потрошени половина милион евра за кампањата на Пендаровски

Според финансискиот извештај доставен до Државната изборна комисија, консензуалниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, во кампањата за периодот од 26 март до 10 април има приходи од околу 31 милион денари.

За изборната кампања на Пендаровски пари донирало само едно лице – Павле Дукадиновски и тоа сума од 150.000 денари, а десет лица уплатиле средства во вредност од 2.000 до 6.000 денари.

Сепак во изборната кампања се пласирани и 10.000.000 денари приходи од членарина.

Комплетниот финансиски извештај за кандидатот Пендаровски може да го погледнете тука.

Видео на денот