Дневен хороскоп за 22 март 2019, петок

дневен хороскоп
Фото: Profimedia

ОВЕН

РАБОТА: Атмосферата на работа ќе биде напната. Не се форсирајте, почекајте до понеделник.

ЉУБОВ: Некои Овни ќе доживеат средба со личност од нивното љубовно минато. Други ќе фантазираат за тоа.

ЗДРАВЈЕ: Пресилни емоции.

БИК

РАБОТА: Уметниците денеска нека одморат, на трговците добро ќе им оди.

ЉУБОВ: Ќе зрачите и ќе бидете впечатливи. Лесно ќе се вовлечете под кожата на личноста која ви се допаѓа.

ЗДРАВЈЕ: Спијте доволно.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Имате многу идеи кои може да ви донесат профит, но морате да ги усогласите со кодексот на работното место.

ЉУБОВ: Ќе ѝ покажете на другата страна дека и вие сте ранлива и емотивна личност, иако досега сакавте да ја убедите токму во спротивното.

ЗДРАВЈЕ: Не пијте алкохол.

РАК

РАБОТА: Оние кои се на одмор добро ќе се одморат, другите едвај ќе го чекаат викендот.

ЉУБОВ: Потрудете се да не се вплеткате во своите љубовни илузии. Стојте цврсто на земја.

ЗДРАВЈЕ: Спијте доволно.

ЛАВ

РАБОТА: Ќе добиете идеја која ќе ѝ донесе сериозен профит на вашата фирма. Внимавајте со кого ја споделувате.

ЉУБОВ: Денеска ќе се помирите со тоа дека на некои нешта, едноставно им помина „мандатот“.

ЗДРАВЈЕ: Пазете се од алергии.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Сакате да бидете на пиедестал и да чуете аплауз. Некои тоа и ќе го доживеат.

ЉУБОВ: Некој од вашите пријатели ќе ве растажи, но тука е вашата сакана личност да ви биде поддршка.

ЗДРАВЈЕ: Бидете трпеливи.

ВАГА

РАБОТА: Бидете тактични на работното место и соработувајте.

ЉУБОВ: Денеска е подобро од вчера. Исто се чувствува и вашиот партнер.

ЗДРАВЈЕ: Добро расположение.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Многу нешта не ви одат од рака, па најдобро е да почекате викендот да помине.

ЉУБОВ: Ќе имате душевно олеснување, дури и покрај тоа што сте свесни дека личноста што ви се допаѓа ги држи конците во свои раце.

ЗДРАВЈЕ: Заслабнат имунитет.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Некои нешта ќе ви одат полесно од вообичаено, но не се опуштајте премногу.

ЉУБОВ: Ќе бидете со луѓе кои ве веселат, па нема да имате време да мислите на пропаднатата љубов.

ЗДРАВЈЕ: Одмарајте се повеќе.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Малку работа, малку забава и нема да забележите дека денот поминал.

ЉУБОВ: Ќе се најдете во центарот на добра забава, а една личност го следи секој ваш чекор.

ЗДРАВЈЕ: Почнете да вежбате.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Помина напнатиот период, добро работите, но внимавајте на финансиите.

ЉУБОВ: Ќе сфатите дека е време малку подлабоко да ги разгледате нештата и да се зближите со личноста која одамна ви се допаѓа.

ЗДРАВЈЕ: Мал пад на имунитетот.

РИБИ

РАБОТА: Одличен ден за уметниците и креативците.

ЉУБОВ: Одредени проблеми нема да ви дозволат да имате време за партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Фрустрациите ве исцрпуваат.

Видео на денот