Дневен хороскоп за 11 април 2019, четврток

Фото: Profimedia

ОВЕН

РАБОТА: Ве очекуваат значајни професионални настани. Надевајте се на новости кои ќе ги добиете од претпоставените. Ќе ви се допадне тоа што ќе го чуете.

ЉУБОВ: Во период сте кога односот со саканата личност може да оди само на подобро. Важно е само да ги покажете своите искрени емоции.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителен ‘рбетен столб, обратете се кај физиотерапевт.

БИК

РАБОТА: Пред вас се интересни случувања, особено ако соработувате со колеги од странство. Надевајте се на среќни околности.

ЉУБОВ: Ќе добиете прилика со партнерот да се впуштите во авантури за кои никогаш не мислевте дека можете да ги искусите заедно. Ќе уживате во прекрасните моменти.

ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Може да очекувате одредени промени во полето на финансиите. Ќе успеете да остварите дополнителна заработка. Ви претстои поволен период.

ЉУБОВ: Не сте сигурни во својот партнер, но во текот на денот ќе сфатите дека сте грешеле со оваа претпоставка. Искористете ја приликата да го унапредите односот.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе железо.

РАК

РАБОТА: Со ладна глава носите професионални одлуки и не се возбудувате премногу поради промените. Јасни сте во своите намери и покажувате почит кон колегите.

ЉУБОВ: Посветени сте на партнерот и очекувате да ви врати во иста мера. Пред вас е прекрасен ден со многу прилики за романтични настани.

ЗДРАВЈЕ: Полни сте со позитивна енергија.

ЛАВ

РАБОТА: Имате многу работни обврски, па наоружајте се со енергија и трпение. Пред вас е период во кој можете да постигнете доста добри резултати.

ЉУБОВ: Не можете да ѝ се посветите на саканата личност бидејќи сте преокупирани со работата. Се надевате дека ќе наидете на разбирање од другата страна.

ЗДРАВЈЕ: Долготраен пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Очекувајте позитивни околности на професионален план. Бидете аналитички настроени кон настаните на работа.

ЉУБОВ: Ви претстојат интересни случки со личноста која веќе подолго време ви се допаѓа. Ќе добиете дел од посакуваното внимание.

ЗДРАВЈЕ: Имате доволно енергија за сè што е пред вас.

ВАГА

РАБОТА: Можно е во текот на денот да нема значајни промени на работно поле. Добро знаете на што сте и каква е состојбата.

ЉУБОВ: Испланирајте романтично патување со саканата личност. Оние слободните ги чека интересен флерт.

ЗДРАВЈЕ: Грижете се за исхраната.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Можете да очекувате успех во професионалните преговори. Покажете ги своите работни таленти.

ЉУБОВ: Многу сакате да стапите во контакт со личноста која подолго време ги обзема вашите мисли, но не сте сигурни кој е правилниот начин за тоа. Бидете она што сте.

ЗДРАВЈЕ: Позитивни сте и енергични.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Се грижите за парите, но нема некоја посебна причина за тоа. Ќе ги надоместите сите трошоци од претходниот период.

ЉУБОВ: Стабилни сте на емотивно поле и среќни сте покрај партнерот, кој ви пружа сè што вие потребно за среќна врска.

ЗДРАВЈЕ: Контролирајте ја штитната жлезда.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Не очекувајте преголеми промени. Ќе имате мирен ден, без големи стресови.

ЉУБОВ: Барате нови прилики на љубовно поле. Може да остварите средба со личност од друг град.

ЗДРАВЈЕ: Одморете се повеќе.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Постојат некои дилеми во врска со работните одлуки. Посоветувајте се со личност на која ѝ верувате околу тоа.

ЉУБОВ: Се затворате во себе и не се ни обидувате да покажете емоции. Не се плашете, другите едвај чекаат да ја видат таа ваша страна.

ЗДРАВЈЕ: Вишок на енергија.

РИБИ

РАБОТА:  Очекувајте многу работни обврски во текот на денот. Останете посветени и фокусирани.

ЉУБОВ: Саканата личност ќе се потруди на секој начин да ви угоди и да го  задржи вашето внимание. Ако сте слободни, ве очекува ново познанство.

ЗДРАВЈЕ: Грчеви во мускулите.

Видео на денот