Дисингер нема скршеница, туку само дислокација

Од екипата на Вардар соопштија вечерва дека во болница во Брест се направени првични прегледи на левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер и дека најверојатно се работи за дислокација, а не скршеница во раката.

По дуел со противнички играч на Загреб во првото полувреме, бекот падна со целата тежина врз раката, а лекарските екипи на Вардар веднаш го изнесоа надвор од теренот.

– Кристијан Дисингер се чувствува добро. Извршени се лекарски прегледи во болницата во Брест. Првичните информации се дека нема скршеница туку само дислокација. По враќањето во Скопје следуваат дополнителни испитувања, соопштија од тимот.

Видео на денот