Дибиров: Дојдојме по титулата

EPA/GEORGI LICOVSKI

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров  пред утрешното полуфинале во СЕХА лигата против домаќинот Брест Мешков, изјави дека „црвено-црните” веќе се навикнати на вакви средби. Вардар на завршниот турнир во Брест доаѓа како бранител на трофејот од минатата година кој го освои пред своите гледачи со 26:24 го победи Загреб во финалето.

– Не чувствуваме притисок бидејќи веќе навикнавме да играме вакви средби и тоа во континуитет. Секоја година сме на Ф4 и сакаме да ја освоиме СЕХА. Имаме респект кон Мешков, домаќинот има предност бидејќи игра пред своите гледачи. Ќе биде тешко, Брест има предност, но ние сме Вардар – вели Дибиров.

Видео на денот