Дедо и дете нови жртви на кучиња скитинци

Вчера во полициската станица во Центар во попладневните часови мајка пријавила дека синот ѝ бил нападнат од куче скитник.

– Во 17:15 часот во полициската станица во Центар, К.И.Н.(42) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник на левата нога, велат од полицијата.

Слична пријава била поднесена и во полициска станица во Гази Баба. Односно 74-годишно лице Т.Б. пријавило дека завчера околу 14 часот било каснато од куче скитник за десната нога.

Видео на денот