Дебитантот Словенија без грешка, го урна и светскиот шампион

Фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Најдобрите словенечки кошаркари и воедно актуелните европски прваци испишуваат историја на своите први Олимписки игри.

Денеска и во третиот натпревар во Токио триумфираа овојпат над актуелниот светски шампион Шпанија со резултат 92:87, иако „црвената фурија“ водеше во поголемиот дел од мечот.

Најголем придонес во победата имаше Влатко Чанчар со 22 поени, Мајк Тоби забележа 16 поени и 14 скока, Клемен Препелич 15 поени, а Лука Дончиќ 12 поени, 14 скока и девет асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Рики Рубио со 18 поени, Абалде 14, Руди Фернандез 12, Пау Гасол додаде осум, а неговиот брат Марк девет.

Словенија го освои првото место во групата „Ц“ со максимални шест бодови, пред Шпанија (пет), Аргентина (четири) и домаќинот Јапонија (три).

Пред жрепката во шеширот „Д“ се наоѓаат селекциите на Словенија, Франција, Австралија и САД, а во шеширот „Е“ репрезентациите на Италија, Шпанија, Аргентина и Германија.

Видео на денот