Дали треба да се јаде димено месо и риба?

Природното димење на храната е долг и тежок процес. Затоа многу производители користат таканаречен течен дим, кој го забрзува процесот. Нема докази дека течниот дим е опасен по здарвјето, но премногу димена храна може да предизвика труење со храна, наведува „Brightside“.

Би требало да знаете дека димената храна не е добра за здравјето и не би требало да ја јадете повеќе од 3-4 пати месечно.

Кога купувате димено месо или риба, треба да внимавате тие да бидат суви и со не многу јака боја.

Бојата на површината не би требала да има никакви темни или светли точки – би требала да биде рамномерна.

Скандинавски научници откриле дека димените месни производи го зголемуваат ризикот од настанување на карцином на желудникот, но доколку се јаде во умерени количини, ризикот за појава на оваа болест е незначителен.

Видео на денот